Владата апелира земјоделците да ги осигураат посевите

Bez autora
Mar 10 2013

Земјоделците да ја искористат државната помош и да ги осигураат посевите, апелира Владата. Сумата за оваа намена, како што соопшти денеска на прес-конференција портпаролот Александар Ѓорѓиев, е двојно зголемена, од 17 милиони денари лани на 35 милиони годинава. Со поддршката Владата овозможува покривање 60 проценти од вкупните средства за осигурителните полиси. Земјоделците веќе од идниот месец ќе може да поднесуваат барања до Платежната агенција за добивање на дефинираната помош. Рокот ќе трае најмалку до крајот на август. Во 2008 година само 300 земјоделци ги осигурале посевите, а во 2012 тоа го сториле 1.200. Анализите покажуваат дека најголем број осигурени површини има во Повардарието.

Владата апелира земјоделците да ги осигураат посевитеЗемјоделците да ја искористат државната помош и да ги осигураат посевите, апелира Владата.

Сумата за оваа намена, како што соопшти денеска на прес-конференција портпаролот Александар Ѓорѓиев, е двојно зголемена, од 17 милиони денари лани на 35 милиони годинава.

Со поддршката Владата овозможува покривање 60 проценти од вкупните средства за осигурителните полиси. Земјоделците веќе од идниот месец ќе може да поднесуваат барања до Платежната агенција за добивање на дефинираната помош. Рокот ќе трае најмалку до крајот на август.

Во 2008 година само 300 земјоделци ги осигурале посевите, а во 2012 тоа го сториле 1.200. Анализите покажуваат дека најголем број осигурени површини има во Повардарието.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik